Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Од:

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, кои се во неколкудневна посета на нашата држава, денеска заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски ја посетија касарната „Илинден“ во Скопје, соопштија попладнево од собраниската прес-служба.

Делегацијата била пречекана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата, како и високи претставници на Министерството за одбрана и Армијата.

– За време на посетата, членовите на ПК на НАТО, имаа можност да проследат неколку показни вежби на Армијата со што се прикажа обученоста на припадниците на Армијата при изведување комплексни сценарија. Во Домот на Армијата беа брифирани за развојот на македонската Армија и одбраната, се наведува во соопштението.

Во писмената изјава на генералот Лафчиски се наведува дека „оваа годишнина служи како потсетување дека нашето место во Алијансата е резултат на повеќе децениски труд, а нашата иднина е изградена на принципите на колективна одбрана, солидарност и соработка“.

Би можело да ве интересира

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста

Рубио: САД бараат пет проценти одбранбени трошоци од сите членки на НАТО

Шефот на НАТО ги откри американските планови