Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Од:

Владата функционира обединето и единствено. Мнозинството е стабилно и има чиста двотретинска поддршка во рамките на македонското Собрание, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Прашан за информациите дека Арбен Таравари ќе ја напушти коалицијата Вреди, Мицкоски рече дека во јавноста има многу информации, и ќе се воздржи од било какви коментари.

– Само би кажал дека Владата функционира обединето, единствено. Оваа Влада има неофицијално чиста двотретинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеници ја поддржуваат, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Тетово.

Разбирам, рече Мицкоски, зошто е загриженоста на јавноста, но за разлика од минатото, мнозинството е стабилно.

– За разлика од минатото, кога секој ден на стаклени нозе висеше мнозинството, овој пат тоа е стабилно и треба да ја оставиме Владата да работи како што е досега, порача Мицкоски.

Во однос на обвинувањата од ДУИ, Мицкоски порача дека „колку повеќе функционери од ДУИ се фатени во криминал додека ги вршеле функциите во минатото, толку повеќе ќе заострува нивната реторика “.

– Работиме и докажавме дека работиме неселективно и така и ќе продолжиме. За оваа Влада, на сите речиси 26 илјади квадратни километри, секој еден квадратен километар е важен, без разлика дали таму живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и останати. Без разлика, дале е градоначалник од Вреди, ВМРО-ДПМНЕ или ЗНАМ, или ДУИ, од СДСМ или некој независен, нашиот интерес се граѓаните, изјави Мицкоски.

Изјавата на Али Ахмети дека Албанците во земјава биле деградирани, Мицкоски ја оцени како беспредметна, бидејќи, како што рече, оваа Влада има толку многу успеси за сите граѓани.

– Ние не ги делиме така граѓаните, имаме мултиетничко општество, кое што треба да го негуваме и треба во таа насока и да продолжиме. Ние ги делиме граѓаните на оние кои се лојални, чесни и додаваат вредност, кои што ги почитуваат законите и Уставот и оние кои што не ги почитуваат и треба да одговораат пред истите тие закони и Устав. Нема тука етнички или политички поделби, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта