УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Од:

Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од обновувањето на израелските напади на 18 март, предупреди УНИЦЕФ.

Се нагласува дека ништо не го оправдува убивањето на децата каде и да се и се повикува на продолжување на прекинот на огнот во Појасот Газа.

УНИЦЕФ укажува дека прекинот на огнот на почетокот на годината им даде шанса на децата во Појасот Газа да преживеат и да бидат деца.

„Продолжувањето на војната повторно им го одзема детството“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).

Од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, според УНИЦЕФ, убиени се 15.000 деца.

Би можело да ве интересира

Можно е Тони Блер да ја предводи преодна власт во Газа

Трамп за Газа: Мислам дека имаме договор

Нетанјаху го потсети ОН на нападот на Хамас врз Израел: „Ако се согласат со барањата, војната може да заврши“

Горан Наумовски

Израелците поставуваат звучници во Газа за Палестинците да можат да го слушнат говорот на Нетанјаху во ОН

Хамад: Го чекавме овој момент 77 години

Италија испраќа втор воен брод за придружба на флотата со хуманитарна помош за Газа