Француски богаташи бегаат во земји со пониски даноци

Од:

Поради најавата на претседателот Франсоа Оланд дека милионерите ќе плаќаат данок и до 75 отсто, се зголемува бројот на француски богаташи кои се селат во земји како што се Швајцарија или Британија, каде ги дочекуваат со раширени раце.

Лондон, Цирих или Брисел? За француските супер богаташи овие денови е повеќе од актуелно прашање, бидејќи левичарската влада под претседателот Оланд изминатите недели јасно стави до знаење дека ветувањата од предизборната кампања ќе ги спроведе на дело.

Тоа значи дека секој кој има многу пари ќе треба многу повеќе да придонесува за санирање на полупразниот државен буџет, т.е. данокот на приход на тие кои заработуваат над милион евра годишно треба да се зголеми на 75 отсто.

Агентите за недвижнини наведуваат дека во тек е вистинска навала на француски клиенти кои размислуваат за продажба на имотот и иселување од Франција. Меѓу нив се инвестициски банкари, богати наследници или пензионирани лекари.

За британскиот весник Дејли мејл, тоа го потврдува и директорот на компанијата за продажба на недвижнини Сотеби’с во Франција, Александар Крафт, наведувајќи дека неговата компанија од април до јуни продала над 100 куќи, чија поединечна цена е над 1,7 милиони евра.

Карактеристично е дека истовремено за 30 отсто е зголемена побарувачката за луксузни куќи во Британија. Работа имаат и даночните консултанти.

„Од доаѓањето на социјалистите на власт во Франција, потрупани сме со барања на богати Французи кои би сакале да плаќаат данок во Швајцарија“, рече даночниот консултант Жил Мартин за швајцарските медиуми.

Сите тие сметаат дека државата ги прогонува поради нивното богатство и сакаат да се преселат во земји кои покажуваат наклонетост кон тоа нивно богатство, коментира парискиот финансиски експерт Жером Бар за Фигаро магазин.

Ако некој во оваа земја има пари, веднаш со прст посочуваат кон него, вели тој и додава дека со оглед на расположението во земјата, препорачал на богатите да се откажат од луксузните автомобили. Се стекнува впечаток дека Британија со две раце ќе ги прифати француските милионери, а тоа минатиот месец го најави и британскиот премиер Дејвид Камерон.

„Ќе им посакам добредојде, а тие ќе можат да го плаќаат данокот во Британија со што ќе издвојуваат пари за нашата здравствена служба, образованието и др.“, рече Камерон.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата