Зеленски: Русија не сака прекин на огнот, целиот свет го гледа тоа

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најмалку 14 лица загинаа, меѓу кои шест деца, во руски ракетен напад врз неговиот роден град Криви Рих.

Тој рече дека спасувачките операции се во тек во центарот на градот, а регионалниот гувернер Серхи Лисак додаде дека најмалку 50 лица се повредени.

Зеленски рече дека нападот покажал дека Москва не е заинтересирана за мир.

„Русите напаѓаат секој ден. Луѓето умираат секој ден. Има само една причина зошто ова продолжува: Русија не сака прекин на огнот, а ние тоа го гледаме. Целиот свет го гледа тоа“, рече тој.

Зеленски додаде дека секоја ракета, секој напад со беспилотно летало докажува дека Русија сака само војна.

„И само од притисокот на светот врз Русија, од сите напори за зајакнување на Украина, нашите сили за воздушна одбрана, нашите сили – само тоа зависи од тоа кога ќе заврши војната“, заклучи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Зеленски: Партнерите не ја предупредија Украина за можни напади

Зеленски: Ако Русија не се согласи на примирје, ќе одговориме