ЕУ ќе и додели на Грција 134 милиони евра за четири гасни инфраструктурни проекти

Од:

Европската унија ќе и даде на Грција 134 милиони евра за поддршка на четири гасни инфраструктурни проекти, соопшти прес-службата на Европската комисија.


Како што јави ИТАР-ТАСС, овие средства ќе и помогнат на Атина да го прошири и засили својот гасен систем.


– Средствата ќе придонесат за засилување на конкуренцијата меѓу дистрибутерите на гас и ќе бидат од корист за потрошувачите, истакна еврокомесарот за конкуренција Хоакин Алмунија.


Меѓу финансираните проекти е завршување на изградбата на терминалот за течен гас во близина на Атина и изградбата на гасно-компресорска станица кај Солун.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит