Ема, десетта година по ред е најпопуларното женско име во Франција, додека Натан трета година по ред е меѓу најдаваните машки имиња.
Ова стои во Официјалниот попис на имиња за 2014 година во издание на издавачката куќа „Фрст“, од која произлегува дека имињата од Стариот Завет се уште се популарни кај машките деца, додека кај девојчињата има тенденција на навраќање кон постари имиња.
Кај девојчињата Ема може да го урне рекордот на Леа. Дологовечноста на овие имиња доведе до успех на старите имињата, како Луиз на осмото место, Зое на 11-то, на кои наскоро можат да им се приклучат Леони и Лили.
Модата во ретро имињата не ги спречува имињата кои завршуваат на „а“ да се најдат на листата на Топ-20. Интерсно е дека меѓу дваесет најпопуларни имиња, дури седум започнуваат со Л: Лола, Луна, Леа, Лена, Лина, Лилу и Луиз.
Од друга страна Клое зачудува со својата упорност на 3-то место трета година по ред. Додека Клара или Анаис, кои беа многу популарни во деведесетите години паѓаат на листата. На листата Топ-20 имиња се враќа и Жулиет.
Кај момчињата, доминираат имниња од Стариот Завет. Покрај Натан, тука се и Габриел, Рафаел, Ноа и Адам. Овај библиски „успех“ го разбива пробивот на ретро имињата како Лео (3). Луј (7), Жил (11-ти), додека популарниот Тео падна на 17 место.
Машките имиња кои завршуваат на „ео“ остануваат популарни, благодарејќи на Тимео, кое е на 5-то место. Тука е и Маел, пред Матис.
Меѓу машките имиња кои забележуваат успех Ноа се искачи за пет места за една година, додека Саша се најде на 18-то место. Годинава, доминираат имиња со два слога и со просечно пет букви.