Новинарот што ги објави тајните документи на Сноуден го напушта „Гардиан“

Од:

Американскиот новинар Глен Гринвалд, кој од Рио де Жанеиро пишуваше за „Гардиан“ објавувајќи ги тајните и доверливи информации на Агенцијата за национална безбедност (НСА), што ги доби од нејзиниот поранешен соработник Едвард Сноуден, соопшти дека го напушта лондонскиот весник. „Гардиан“ единствен во Велика Британија ги објавуваше тајните на американските и британските безбедносни служби, што ги откри Сноуден, кој прво побегна во Хонгконг, а потоа и во Русија.

Сноуден, кој е поранешен ИТ-техничар на НСА, преку текстовите што ги објавуваше Гринвалд, откри дека американаката Агенцијата за национална безбедност подолго време ги следела интернет и телефонските комуникации. САД признаа дека постои таква програма на НСА, но тврдеат дека за тоа постои правна основа со одлуката на еден американски суд кој го легализира следењето, кое според Вашингтон, е од исклучиво безбедносни причини.

Американските власти го обвинија Сноуден за шпионажа и побараа негова екстрадиција, но тој доби азил од руските власти и сега престојува некаде во Русија. Властите во Бразил, каде Гринвалд живее заедно со својот партнер, Бразилецот Давид Миранда, побараа да се сретнат и да разговараат со Сноуден, откако „Гардиан“ откри дека НСА ја следела и електринската комуникација на бразилскиот претседател Дилма Русеф, како и милиони електронски пораки на бразилските граѓани.

Во своето соопштение Гринвалд им се заблагодарува на уредниците на „Гардиан“ оддавајќи им признание за храброста да ги објават материјалите, но тврди дека тие не ја загрозуваат безбедноста ниту на САД, ниту на која било друга земја. Заминувањето на Гринвалд од лондонскиот весник доаѓа по барањата пласирани минатата недела за покренување обинение против „Гардиан“ за објавување на разузнавачки тајни.

Обвинувањето прво потекна од бритаските безбедносни агенции кои ги обвинија весникот и нејзиниот новинар дека, практично, соработуваат со непријателите на Велика Британија и дека со провалувањето на супертајните информации само ги хранат исламистичките фанатици и странските тајни служби.

Со осуда потоа се огласија и премиерот Дејвид Камерон, неговиот заменик Ник Клег, како и шефот на Хоум Офисот Тереза Меј. Тие го обвинија главниот уредник на „Гардиан“ Алан Расбриџер дека е наивен ако мисли дека со објавувањето на супер тајните, никому не нанесуваат штета.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија