Еден лондонски хотел почна необична награда игра во која победникот, ќе добие можност да добие трајна тетоважа со името на хотелот и со тоа практично ќе стане реклама во движење.
Хотелот „Хокстон“ во Лондон дојде до една необична идеја да отвори „Хот Рокс“ натпревар, во кој победникот ќе добие тетоважа, Натпреварувачите се повикани на конкурс да испратат фотографии од дел од телата, на кои би сакале оваа награда да се најде.
Конкурсот почна денеска и е покренат како промотивна кампања за гостите на хотелот и со него се одбележува и почетокот на работата на студиото за тетовирање во рамки на хотелот, во кое заинтересираните гости и љубители на тетоважи ќе можат да користат услуги за сликање на телото.
Студиото за тетовирање за оваа промотивна кампања осмисли пет различни дизајнирани тетоважи, кои за време на викендот на отварањето (на 16 и 17 ноември) ќе бидат во понудата по специјална цена, додека победникот на конкурсот ќе биде одреден на 13 ноември и тој ќе биде награден со бесплатно украсување на телото.