Реконструирана улицата „Косовска“ во Штип со средства од Декадата на Ромите

Од:

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Неждет Мустафа, денеска беше во посета на Штип, каде што оствари официјална средба со градоначалникот Илчо Захариев.
На состанокот беше разговарано за проектите и за активностите што Општина Штип ги реализира со помош на Владата на Република Македонија, а се дел од акцискиот план за Декадата на Ромите.

„Благодарение на несебична помош на министерот, добивме 1.000.000 денари од Владата на Република Македонија за реконструкција на улицата ‘Косовска’. Вкупната инвестиција за изградба на улицата ‘Косовска’ изнесува 2.500.000 денари, општината обезбеди 1.500.000, а останатите се од Владата. Ова беше една од вековните желби на жителите од оваа населба, а ние им ја остваривме“, изјави Захариев по завршувањето на средбата.

IMG_0113

Според Захариев, условите за живот во населбите со претежно ромско население не се најдобри, но, сепак, Општината прави сѐ што е во нејзина надлежност и можност за нивно подобрување и се надева дека во иднина инклузијата меѓу ромското и македонското население ќе помогне за поеднаков развој на сите делови од градот.

„Ова е веќе 35-ти проект на Владата на Република Македонија во сферата на подобрување на инфраструктурните услови за живот на лицата од ромска националност, односно од Декадата на Ромите, а 7-ми по ред во општина Штип“, изјави министерот Неждет Мустафа.

Тој смета дека добрата соработка меѓу Општината и Владата ќе продолжи и во иднина, а тоа ќе биде и исчекор во подобрувањето на условите за живот на граѓаните од ромска националност.

По средбата министерот имаше можност да ја посети улицата „Косовска“, која вчера и официјално беше пуштена во употреба.

М. Р.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор