ЗНМ: Зарем има нешто човечко кога на друг му се посакува смрт?

Од:

Советот на честа на Здружението на новинари на Македонија остро го осуди текстот на Саше Ивановски објавен вчера на порталот Мактел. Во реакцијата се вели:

„Зарем има нешто човечко кога на друг му се посакува смрт?

Ништо етичко и професионално нема во текстот на Саше Ивановски со наслов „Игор Џамбазов – Трајче Дрварчето кое никогаш не порасна и не стана човек, туку се претвори во најсилната реклама за алкохол и промашен живот“ објавен на 15. 10. 2013 година на порталот Мактел, во кој авторот му посакува смрт на актерот Игор Џамбазов. Всушност, текстот е неновинарски, без оглед на мотивите што ги имал авторот.

Но, зарем има нешто човечко кога на друг човек му се посакува смрт?

Изнесени се низа грди квалификации, навреди и осуди во обидот да се направи анализа на начинот на живеење на актерот. Прекршени се повеќе одредби од Кодексот на новинарите, најдиректно одредбите 10, 11, 15 и 16.

Уште еднаш – Советот на честа смета дека текстот е неновинарски, нецивилизиран и дека до максимум ги нарушува угледот и достоинството на новинарската професија.

Советот на честа најостро го осудува ваквиот начин на практикување новинарство.“, пишува во реакцијата на Советот на честа на ЗНМ.

Оваа реакција доаѓа откако вчера на порталот Мактел, Саше Ивнаовски, познат како Саше Политико, во своја колумна насловена „Ти си патетично детиште“, меѓу другото напиша:

„…време е Игоре и да заминеш од овој свет, по можност од цироза…“

Реакцијата на Советот на честа на ЗНМ се темели на одредбата од Правилникот за избор и работа на Советот на честа на ЗНМ, од каде произлегува можноста за самостојно јавно реагирање и изнесување вредносни мислења/судови во случај на повреда на начелата и одредбите од Кодексот на новинарите на Македонија, велат од Судот на честа на ЗНМ.

A.Б.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје