Граѓаните немоќни, пред постојаните поскапувања.Ако порано фрижидерот можеше да се наполни барем со основни продукти како млеко, сирење, месо, денеска тоа е се потешко.
Парите не стигаат да се наполни фрижидерот, а месото и рибата се поретко се дел од семејната трпеза, велат граѓаните.
Иако ги зголемуваат пензиите тоа не е доволно, купувам скромно, парите ги трошам само на храна и лекови, а за друго не останува.Риба јадам еднаш месечно, а месо еднаш на две недели, вели пензионерка од Скопје.
На светскиот ден на храната, граѓаните се жалат-ако порано остануваше некој денар за да се поднови домот или да се купи гардероба, сега сите пари се трошат на храна, која според нив е исклучителна скапа во однос на месечните примања.
Се потешко било да се прехрани семејството, а основните продукти секој ден станувале поскапи и се понедостапни за граѓаните.
Државниот завод за сттистика измери поскапувања во однос на лани кај зеленчукот од 6,7 отсто и кај прехрамбените производи од 4,3 %.
Малите пензии и плати преставуваат главен проблем да се следи трендот на поскапувања, а граѓаните велат дека купуваат од ден за ден.Темпираат парите да стигнат за цел месец, лишувајќи се од основните производи кои порано биле дел од семејната трпеза.
Бојан Стојановски