Сонцето ќе биде уништено 28 минути пред крајот на времето, а 16 минути пред конечното спуштање на завесата, Земјата ќе експлодира.
Распоредот на судниот ден предвидува што ќе се случи на нашата вселена ако таинствената темна енергија ја распарчи на парчиња. Физичарите сметаат дека наведената темна енергија е околу 70 отсто од вселената, па ја истражиле идејата за Голема експлозија во која енергијата ја уништува целата вселена.
Два месеца пред судниот ден, Земјата ќе биде откачена од Сонцето, а пет дена потоа Месечината ќе се откачи од Земјата. Сонцето ќе биде уништено 28 минути пред крајот на времето, а 16 минути пред конечното спуштање на завесата, Земјата ќе експлодира.
Ова многу црно предвидување е работа на кинески теориски физичари кои ја истражуваа можната идеја на темната енергија, теориски таинствена енергија за која се смета дека се наоѓа насекаде во вселената.
Академците така разработија една наша можна иднина, сценарио на судниот ден кој го напиша темната енергија. Тие тврдат дека теоријата на Големата експлозија, во која темната енергија уништува се на својот пат, ќе доведе до целосно растргнување на Млечниот пат 32,9 милиони години пред крајот на вселената. Добра вест во сето тоа е дека дури и во најлошото можно сценарио имаме 16,7 милијарди години да се простиме со сите и со се околу нас.
Се верува дека темната енергија е 70 отсто од сегашната содржина на вселената и ни дава едно објаснување како галаксиите би можеле да завршат. Во теоријата на Големата експлозија, ако односот на притисокот и густината на темната енергија падне по минус 1, ќе расте до бесконечност во конечниот период на времето, а бидејќи ја одбива тежината, се работи за многу лоша вест за иднината на вселената.
Водечките кинески научници се состанаа за да го разгледаат најлошото можно сценарио на Големата експлозија.
„Од моментално достапните податоци сакавме да заклучиме кое би било најлошото можно сценарио за вселената, а тоа не изгледа добро, но добра вест е што сето ова ќе се случи за 16,7 милијарди години“, порачаа кинеските научници.