На 13.10.2013г. во Краљево Р.Србија Џудо клубот „ДРИМ“ Струга учествуваше на меѓународен меморијален натпревар “14 Октомври” во организација на ЏК “Партизан” Краљево.
Во жестока конкуренција од 200 натпреварувачи во старосните категории полетарци, млади пионери и постари пионери ЏК “ДРИМ” освои 6 медали од кои 3 златни, 1 сребро и 2 бронзе. Екипата ја предводеше поранешниот репрезентативец на Македонија и долгогодишен државен првак проф. Ѓорѓија Стојанов.
Со медали се закитија:
Злато: 1.Михаил Касниоски (-25кг) полетарци 2.Христијан Глигороски (-46кг) полетарци 3.Дарко Петрески (-55кг) постари пионери
Сребро: 1.Павел Блажески (-46кг) полетарци
Бронза: 1.Божидар Донески (-28кг) полетарци 2.Димитар Донески (-52кг) полетарци
Ова е уште еден доказ дека Џудо спортот во Струга е во голем подем и дека во ЏК “ДРИМ” Струга напорно се работи на омасовување и афирмација на овај спорт. А и резултатите постигнати на сите натпревари говорат се.