Секако дека секој родител мисли дека токму неговото дете е дар од Бога, но се поголем број родители сакаат тоа да го потенцираат и во околината, давајќи им на своите деца имиња како Крал, Принц, Месија…
Џин Твенџ, психолог и автор на книгата „Епидемија на нарцизмот“, забележа дека се поголем број луѓе ги нарекуваат децата со пофални имиња, кои доведуваат суетата да се доведе на сосема ново ниво.
Во текот на истражувањето Твенџ открила дека меѓу најпопуларните имиња за момчиња во 2012 година се нашле голем број кои ја отсликуваат големината и важноста на бебето во општеството.
Во Австралија дури 1.423 деца се наречени Крал, додека 243 девојчиња го добиле името Принцеза.
– Сите знаеме дека луѓето, кои се мошне нарцисоидни имаат високо ниво на потреба за единственост. Кога им даваат на децата имиња кои ја потенцираат нивната големина, тогаш разберете дека нивниот нарцизам преминал на едно ново ниво, додава Твенџ.
Тенџ предупредува дека давањето на вакви имиења на бебињата не е воопшто мала работа, која треба да се игнорира, бидејќи со текот на годините сето тоа ќе се одрази на културата.
– Нарцизмот е отровен за другите во општеството. Нарцисите немаат чувство на емпатија, не се заинтересирани да им помагаат на другите, агресивни се кога некој ги вознемирува, најмногу земаат за себе, а многу малку им даваат на другите. Сметам дека децата тие ги гледаат како продолжение на сопствената личност, а загрижува и тоа што многу работи и не знаеме за нарцисите како родители, додаде таа.
Тенџ наведува екстремен пример од Тенеси, кога судијата од општинскиот суд им наредил на родителите да го променат името на бебето, кое се викало Месија, наведувајќи дека тоа директно се коси со религијата, дека детето нема право така да се вика и дека не е некое божество.
– Секако дека судијката ги минала границите на своите овластувања, но сфатете што сакале да им порача на родителите со оваа постапка, вели Тенџ.
За жал Тенџ смета дека овој тренд што туку почнал и дека во блиска иднина ќе имаме се повеќе „великани“ во општеството.