Со анализа на 14 клинички студии спроведени врз 54.913 испитаници, набљудувано е влијанието на земањето додатоци во исхраната во облик на Б витамини, врз ризикот од срцев удар.
Сите студии го споредувале внесот на додатоци во исхраната со плацебо или изразито ниски дози на витамини од Б групата.
Испитаниците се следени во текот на шест месеци, а резултатите од студијата покажале дека внесот на Б витамини во облик на додатоци во исхраната го намалува ризикот од инфаркт за седум отсто, во однос на оние испитаници кои земаат плацебо или ниски дози на витамини Б комплекс.
Меѓутоа, авторите на студијата воочиле дека фолната киселина (Б9) и витамините В12 во облик на додатоци во исхраната не го намалуваат ризикот од инфаркт и не влијаат на јачината на инфарктот.
Авторите на студијата исто така нагласиле дека различните болести, внесот на лекови и збогатените производи можат да влијаат на делувањето на Б витамините во организмот.
Во храна богата со фолна киселина спаѓа зеленото лиснат зеленчук, месо од живина, агруми, особено портокал и грејпфрут.
Намирници богати со Б12 се: цревното месо, месо од живина, риба, морски плодови, јајца, млеко.