Јанакиевски: „До крајот на месецот Управниот суд ќе ги реши сите предмети околу социјалните станови“

Од:

Штипските семејства што минатата година добија социјални станови можат да здивнат, бидејќи,според најавите на министерот Јанакиевски,наскоро ќе можат да се вселат во своите нови семејни катчиња.

„Во текот на вчерашниот ден Управниот суд ги побара списите за последниот предмет околу социјалните станови и очекувам во текот, не знам, на овој месец, како што и претходно имав ветувања од Управниот суд дека ќе бидат решени сите предмети, а потоа лично ќе дојдам овде да ги доделам клучевите“, изјави министерот за транспорти и врски, Миле Јанакиевски, при денешната посета на Штип.

Според министерот Јанакиевски, причината поради која становите сѐ уште не се предадени во владение е големиот број тужби од страна на незадоволни граѓани, а становите не можеле да се доделат без предметите да бидат правосилно решени.

Во ноември минатата година беше доделен вкупно 91 социјален стан, а аплицираа вкупно 160 граѓани.

М.Р.

 

Би можело да ве интересира

Европјаните се откажуваат од многу работи за да платат за домување

Предраг Петровиќ

Голем пад на цените на новите станови во Кина

Газдите може да ги издаваат становите по цени колку што сакаат: Пратениците против утврдување на горна граница за кириите

A1on

Цените на становите во Скопје со раст од седум отсто во четвртиот квартал лани

Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти на годишно ниво

A1on

Во јули 280 одобренија за градење, за 33,6 отсто помалку во однос на истиот месец лани