(ВИДЕО) Жерновски: Власта сака да ја блокира работата во Центар

Од:

За градоначалникот Жерновски, идејата на акцијата „Претседавач“ не е случајна и нема намера да ја третира работата во „Машинопромет“, туку да ја блокира работата во општината.

– За мене ова не е никаква случајност. Со ова се спречува реализирање на изборните ветувања, со ова се спречува поништување на ДУП – овите и нормално функционирање на општината, бидејќи на дневен ред имаме ребаланс на буџетот, а потоа и усвојување на буџетот.

– Како еден детаљ, на наредната седница требаше да имаме ребаланс за парното греење што значи дека училиштата и градинките ќе останат без парно греење, бидејќи општината нема да обезбеди програмски простор со буџетот тоа да го плати – изјави Жерновски.

Како што рече градоначалникот на Центар, омилените владини новинари, по акцијата „Претседавач“, најавуваат дека ќе следува нова акција наречена „Градоначалник“.

– Диктатурите се разликуваат по нивното траење, но на крај завршуваат поразени од народот – изјави Жерновски.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар