Податоците од руската експертиза на примероци од телсните останки на Јасер Арафат ја негираат верзијата за труење со полониум – 210.
– Не се откриени никакви траги од таа супстанција, изјави денеска шефот на федералната агенција за биолошки анализи. Не е можно да бил труен со полониум, изјави Владимир Виба.
Авторитетното британско медицинско издание „Лансет“ пред два дена објави статија, според која европската експертиза на лични предмети и примероци од телесни течности докажала присуство на радиоактивен полониум-210 во останките на Арафат. Авторите – швајцарски научници, тврдат дека палестинскиот лидер можеби бил труен со полониум.
Арафат почина во француска болница во ноември 2004 година – според медицински документи, од излив во мозокот по цревна инфекција.
Истрага на телевизијата Ал џазира и на швајцарска лабораторија во јули минатата година открија траги од полониум по неговата облека. Тоа предизвика претпоставки дека палестинскиот лидер бил труен со радиоактивната супстанција.