Продолжената изложеност на радиобранови може да предизвика биолошки промени

Од:

Француската национална агенција за здравствена безбедност денеска ја објави експертизата за радиофреквенциите. Таа уште еднаш посочува дека постојат ризици за рак на мозокот, поради користењето на мобилните телефони, посебно кај младите и големите корисници.

За антените или вифи, агенцијата препорачува кампањи на мерки за изложеност, посебно во училиштата и јавните згради, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Студијата е објавена во моментот кога технологиите кои користат радиофреквенции се развиваат со огромна брзина: вифи, вифимакс, антени, бокс, 4Г и други, но студиите за нивната евентуална штетност не одат со истата брзина.

Француската Национална агенција за здраствена безбедност (АНСЕС) во своето испитување опфати околу 300 студии направени во последните четири години, пред да го даде своето ново мислење, претходното беше во 2009 година.

Во 2009 година таа советуваше користење на приборот за телефонирање со слободни раце, наместо да се лепи телефонот на увото. Таа потсетува сега уште еднаш дека ризикот за младите и за оние кои го користат мобилниот телефон повеќе од триесет минути дневно.

Последните студии имено покажаа дека има последици за репродукцијата или на нервниот систем врз лабараториските глувци, без притоа да бидат докажани последиците кај човекот.

Сепак, сомневањата за штетноста на радиофрекценциите врз човековото здравје постојат, Свестката здраствена органзиација (СЗО) ги класира радиофреквенциите како можни канцерогени во 2011 година.

Засега на нашите мобилни телефони мора да биде назначено нивното зрачење на бранови, но тоа не е задолжително за безжичните телефони, таблетите, микробрановите печки или антените-репетитори.

АНСЕС пред се констатира еволуција при нашето користење и акумулацијата на емисии на бранови. Така според агенцијата користењето на вифи во училиштата бара нови мерки.

Главниот закучок од мислењето на АНСЕС е дека изложеноста на електромагнетните бранови може да предизвика биолошки промени врз телото, но научните податоци со кои се располага во моментов не покажуваат дека тие имаат „докажани последици“ врз здравјето.

АНСЕС притоа смета дека нема потреба од промена на сегашните правила за прагот на изложеност, но сепак препорачува да се ограничи изложеноста на брановите, посебно на тие на мобилните телефони, посебно врз децата и големите корисници.

 

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска