Гувернерот на авганистанската провинција Логар, Арсала Џамал е убиен утрово во џамија додека им се обраќал на верниците по повод муслиманскиот празник Курбан-бајрам, соопштија локалните власти.
Бомбата која што била поставена во микрофонот експлодирала во моментот додека Џамал зборувал, по молитвата со која е обележен аџискиот Курбан –бајрам (Денот на жртвата), еден од двата најголеми исламски празници.Во експлозијата се повредени уште осум лица.
Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но постои можност зад него да стојат талибански бунтовници кои последните десет години спроведуваат акции против авганистански официјални лица и припадници на силите за безбедност,како и нивните сојузници од НАТО.
Елена Георгиевска