Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз денеска соопшти дека турската нафтена компанија ТПАО минатата недела во Авганистан потпишала спогодба за нафтени сондажи во два блока, соопшти агенцијата Анадолија.
Спогодбата, вредна 150 милиони долари, била одобрена од авганистанската влада.
Министерот Јилдиз истакна дека за да се постигне трајна политичка стабилност во Авганистан, секако треба во функција да се стават подземните богатства на земјата. Тој додаде дека потпишаната спогодба е поврзана со процесот на нормализирање на ситуацијата во Авганистан.
Министерот прецизира дека ТПАО нафтените сондажи во Авганистан ќе ги изведе заедно со три фирми партнери.