Грчката полиција, во Сајараде кај Игуменица во возило на грчки сопружници, запленила 153 килограми албанска марихуана.
Дрогата била спакувана во 165 пакетчиња и според полицијата таа од албанска на грчка територија влегла од селото Чифлиг. Крајната дестинација била Атина.
Во акцијата на грчката полиција уаспени се и 37-годишен албански и 22-годишен грчки државјанин за кои постои основано сомнение дека соработувале со грчката брачна двојка.
Пред неколку дена, од албанска страна, беше откриен шверц на 154 килограми марихуана која исто така требала да заврши во Грција.