Девет повредени во тешка сообраќајка на патот Штип – Кочани

Од:

Девет лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 19:15 часот на патот Штип – Коачни кај крстосницата за Чешиново. Во сообраќајката учествувале комбајн, возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки и „рено меган“ со кочански таблички.

Повредените биле пренесени во општата болница во Кочани. Директорот на болницата Дејан Апостовски информира дека двајца се потешко повредени и веќе се упатени во Ургентниот центар во Скопје, четворица имаат полесни повреди и се хосптализирани во Кочани, а тројца по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

На местото на несреќата во тек е увид од истражен судија, јавен обвинител и екипа на полицијата од Кочани.

Сообраќајот на патот Штип – Кочани се пренасочува преку алтернативниот пат преку село Борилчево – Аргулица – Долни Балван.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он