Претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким денес предупреди дека на САД им се заканува опасност поради истекување на рокот за продолжување на лимитот на нивото за задолжување и дека тоа претставува сериозен развој на состојбата.
Тој во текот на редовното годишно заседание на Советот за безбедност во Вашингтон рече дека со изминување на рокот, се зголемува опасноста за целиот свет.
-Апелирам до американските законодавци да ја избегнат кризата, рече Ким.
САД во рок од четири дена во Конгресот мора да ги изгласаат неопходните мерки, инаку ќе се случи за прв пат во историјата Америка да не може да го сервисира својот надворешен долг.
Повеќе од 800 илјади вработени во федералната администрација се наоѓаат на принуден одмор поради буџетската криза од 1-ви октомври, откако демократите и републиканците не успеаја да се договорат за средства за финансирање на Законот за здравствена заштита (Обамакер).
Елена Георгиевска