Јанкулоска: Не е важно името на акцијата, туку дали е прекршен законот

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ги отфрли обвинувањата од опозицијата за случајот „Претседавач“ и за нејзиното именување, оценувајќи оти со тоа СДСМ се става на страната на луѓе осомничени за криминал.

– Ние дадовме појаснивање за конкретното име на акцијата, но очигледно Заев не разбрал. Но клучната работа е што СДСМ без да ги знае фактите се става на страната на лица кои се сомничат за сторен криминалот кој во конкретниов сличај изнесува над еден милион евра, рече Јанкулоска, одговарајќи на прашање на прес-конференцијата за заклучоците донесени на седница на Влада во врска со спречување на насилството на спортските терени.

– Коментирајќи го името на акцијата СДСМ се обидува да го преместат фокусот на случајот, а суштината е дали има противправно однесување или нема и ако има дали треба некој да одговара или не. Очигледно дека ако СДСМ проценат дека по било која основа некој е близок до нивната партија тогаш без разлика дали има или нема криминал, дали институцијата надлежни за криминалот имаат основа да се сомневаат за сторен криминал, лицата блиски до нив не треба да одговараат, рече Јанкулоска.

Појасни дека суштината е дали законот е прекршен или не и оваа акција како и било која друга можела да се вика со било кое друго име.

Би можело да ве интересира

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР

Уапсен е возач кој управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

А1он

Левица: Тошковски продолжува со алармантни тендери-милиони ќе се слеат во блокирани и фантом фирми

Предраг Петровиќ

МВР: Уапсени се четворица осомничени криминалци во акцијата „Букнер“

А1он

МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп – Градско