Груевски: Предвидено е примање на околу 300 педагози и психолози во средните училишта

Од:

По констатирањето на недостигот на педагози и психолози во средните училишта предвидено е да се примат вкупно 294 лица, изјави денеска премиерот Никола Груевски  по промоцијата на новата опрема во Градска општа болница „8 Септември“.

– Констатирано е дека има недостиг на педагози и психолози во средните училишта. Предвидено е да се примат вкупно 294 лица во две-три фази. Конкурсот наскоро треба да се објави и првата група од најмалку 70 лица треба да биде примена до крајот на оваа година. Втората група ќе биде во следната година, а третата најдоцна до 2015 година, рече Груевски.

Со тоа, како што појасни, ќе се  реализира замислата да се комплетираат  скоро 300 педагози и психолози кои треба да се вклучат во образовниот систем во оној дел кој е во нивна надлежност, односно комуникација со родителите и со децата кои имаат некакви проблеми во образовниот процес, но и нивна помош во натамошно кариерно определување и во други сегменти што се специјалност на овие лица и во голема мера може да помогнат на нашите ученици и на нивните родители во многу сегменти.

– Станува збор за една сериозна бројка која ќе биде реализирана и тоа е еден од чекорите на Владата за подобрување на квалитетот на образовниот систем и помагање на младите да израснат со максимална помош, поддршка на сите оние лица на коишто би можеле да им помогнат, истакна премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски