Реализирана обука за заштита на човековите права при примена на полициски овластувања

Од:

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР во соработка со Народниот правобранител на Република Македонија и невладиниот сектор, како и претходните години и оваа година, организираше заедничка обука за одредена категорија на вработени кои најчесто доаѓаат во контакт со граѓаните при примена на полициските овластувања.

Обуката, тематски се однесуваше на „Заштита на човековите слободи и права при примена на полициски овластувања“ и се спроведуваше на крајот на минатиот и почетокот на овој месец во Центарот за обука при Бирото за јавна безбедност во Идризово.

Во организација и реализација на обуката, како што информираат од МВР, беа вклучени помошник на министерот на Секторот  за внатрешна контрола и професионални стандарди,   раководители и виши советници  од Секторот, а  учествуваа и предавачи од Центарот за обука, заменици од Канцеларијата на Народниот правобранител на РМ, како и претставници од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија.

Со обуката беа опфатени вкупно 86 полициски службеници и тоа 26 полициски службеници од Одделенијата за општи патроли при СВР-Скопје, 22 полициски службеници од   Единицата за борба против криминал, 18 полициски службеници од Единицата за специјални задачи и 20  полициски службеници од Единицата за брзо распоредување.

Обуката, како што информираат од МВР, се однесуваше на повеќе теми од областа на човековите права и примена на полициските овластувања, запознавање со начинот на постапување по поднесени претставки и известувања на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, со осврт на пооделни предмети по кои е постапувано, а по претходно поднесени претставки од Народниот правобранител на Македонија и од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија.

Би можело да ве интересира

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР