Анкета: Се намалува поддршката за Златна зора

Од:

Поголемиот дел од Грците веруваат дека обвинувања против лидерот на ултрадесничарската партија Златна зора се праведни, покажуваат резултатите од анкетата на весникот „Типос Тис Кириакис“.

Според најновата анкета осум од десет Грци веруваат дека обвинувањата се праведни. Повеќето од половината испитаници односно 51 проценти изјавиле дека Владата добро се справува со Златна зора, а 35 отсто се незадоволни.

Лидерот на Златна зора, Николаос Михалолиакос, петмина пратеници и десетици членови на партијата се уапсени во септември по убиството на познатиот грчки рапер Павлос Фисас, противник на расизмот, од страна на симпатизер на Златна зора.

Во моментот во притвор се Михалолиакос и двајца пратеници, а другите тројца се ослободени, но им е забрането да ја напуштаат Грција. Сите шестмина демантираат дека се дел од криминална група и тврдат дека се жртва на политичка истрага.

Анкетата покажува и дека Златна зора сега има поддршка од 6,3 проценти, а пред убиството на раперот имаше од 10 до 13 отсто. Златна зора има 18 пратеници во Парламентот.

 

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната