(ВИДЕО) СДСМ Битола: Сју Рајдер уште едно лажно ветување на ДПМНЕ

Од:

„Старскиот дом Сју Рајдер започна да се реновира во февруари минатата година и ветувањето беше дека реконструкцијата ке заврши до 1-ви  март оваа година.

Со оглед на тоа дека сега е октомври 2013 година, лесно може да се заклучи оти ова беше уште едно од многуте лажни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ. Доаѓаа тука – Градоначалникот Талески и разни функционери на ДПМНЕ, популистички се сликаа, ветуваа  и… толку.

Старскиот дом сеуште не е готов, се доцни скоро осум месеци и како што стојат работите нема да биде готов ни до крајот на годината.

Дали овој башибузук од работењето на ДПМНЕ е причина што цената за престој во старскиот дом се зголеми за над 60%“, изјави Јулијана Силјановска, советник во општина Битола од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер