ВМРО-ДПМНЕ смета дека долго најавуваната програма на СДСМ е класична утка, незнаење и рекламна измама.
– Раководството на СДСМ премногу се опуштило подготвувајќи ја програмата во луксузниот хотелски комплекс Аурора во Берово, па си дозволила да пишуваат и предлагаат мерки кои што се само израз на нивното незнаење, ароганција и неодговорност, изјави на денешната прес-конференција Илија Димовски, член на ИК и директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Првата претставена, а и најзначајна мерка од нивната долго најавувана програма, како што истакна тој, според здравата логика и основно познавање е класична утка.
– Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов, очигледно не можат да се договорат на што се однесува оваа мерка. Заев вчера вели дека секој граѓанин ќе добивал поврат на ДДВ во висина помеѓу 20 и 30 илјади денари, а денес Узунов вели дека не секој граѓанин, туку секое семејство ќе добива повраток на ДДВ помеѓу 20 и 30 илјади денари. Но, тоа што првиот и вториот човек на СДСМ зборуваат различни работи и не се усогласени нас не не интересира, тоа е нивен проблем кој говори за хаосот и несериозноста која владее во СДСМ, рече Димовски.
Вчерашната изјава на Заев, како што истакна, ќе ја земат како нерелевантна и како уште една од редицата лапсузи.
Димовски на прес-
– Ванчо Узунов вели дека секое семејство ќе добие по 23.500 денари, што би било 15% од вкупната сума на ДДВ што тоа семејство го платило во текот на една година. Сумата на платен ДДВ од едно семејство според моделот на СДСМ би требало да изнесува 156.666 денари годишно.
– Да претпоставиме дека тоа просечно семејство половина од платениот ДДВ го реализирала со фискални сметки за основните стоки и услуги како на пример храна (месо, сирење, мелко, јајца, зеленчук, овошје, брашно, масло, шеќер и слично), комунални услуги (бода, канализација, смет), лекови, медицински помагала, превоз, весници, книги, компјутери, станови и ред други и тоа под услов за се што платиле да добиле фискална сметка со вкалкулиран ДДВ од помалкуте на број правни субјекти кои се регистрирани како ДДВ обврзници. Втората половина од платениот ДДВ, или 78 333 денари би претпоставиле дека е платена по стапката од 18% за останатите трошоци, рече Димовски.
Резултатот, како што појасни, би бил следен: Секое просечно семејство би требало да потроши, односно прикаже фискални сметки за стоки и услуги, платени со даночна стапка од 18% во вредност од 435.183 денари, а платени по даночна стапка од 5% во вредност од 1.566.600 денари.
Вкупно секое просечно семејство според логиката на СДСМ за да добие 23 500 денари поврат, би требало во текот на годината да потроши 2.001.783 денари или 32.655 евра. Односно, секое просечно семејство според логиката на СДСМ ќе треба да троши 2.721 евра месечно, што пак од друга страна е скоро 8 просечни плати.
Според Димовски, такви просечни семејства кои што можат да си дозволат да трошат 2.721 евра месечно има само во врвот на СДСМ.
– Во Македонија граѓаните живеат поскромен живот од тоа што очигледно живее раководството на СДСМ. Сите овие бројки говорат дека првата и најзначајна мерка од долго најавуваната програма на СДСМ е рекламна измама, рече меѓу другото Димовски.