Најмалку три лица загинаа при уривање на хеликоптер „Пума“ на француските копнени сили во клисурата на реката Вердон, во јужниот дел на Франција.
Според првичните информации на обласната управа, најмалку тројца луѓе загинале во несреќата.
Во хеликоптерот имало и четврто лице, но засега не се знае дали и тој загинал или е повреден.