Локализиран пожарот кај Струмица

Од:

Пожарот кај месноста Два пата во Струмица кој избувна денеска во 12.40 часот е локализиран во 16.05 часот, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Во гаснењето биле ангажирани екипи на Територијалната противпожарна единица, ЈП Македонски шуми и на ЈП Комуналец. Интервенирале и авиони на ДЗС, кои се повлечени од местото по локализирањето на пожарот.

На терен дежураат контролни екипи, а подрачното одделение на ДЗС е во постојан контакт со дежурните во Дирекцијата.

Локацијата „Два пата“ кај Струмица е блиску до местото каде што пред два дена во огнена стихија беа повредени 14 лица, од кои две починаа.

Би можело да ве интересира

Пожар во Норвешка уништи повеќе од 100 куќи, огнената стихија е надвор од контрола

ЦУК: Пет пожари на отворено во државата до 13 часот, три сѐ уште активни

ЦУК: Активен e пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково e под контрола

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

Горан Наумовски

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни