Во Музеј галеријата во Кавадарци синоќа беше отворена Меѓународна изложба на слики од 30 млади ликовни уметници.
На изложбата, како што информира Весна Ѓорѓиева, претставник од Музејот, претставени се 40-тина дела од 30 уметници, меѓу кои се Ристе Јосифовски, Трајче Павлов, Цветанка Илова Темкова, Сашко Илов…
Ликовниот уметник Трајче Павлов истакна дека е ова петта јубилејна изложба и оти изложувањето на слики од млади уметници станува традиција во Кавадарци.
Организатор на изложбата е Музеј галеријата, покровител е општина Кавадарци, а главен и одговорен уредник Петре Камчев.