(ВИДЕО) Шекеринска: Власта се плаши од документите за криминалот во Центар

Од:

Власта очигледно се плаши од големиот број документи кои што излегуваат на површина и кои што покажуваат криминал и корупција врзан не само за „Скопје 2014“, туку и за многу бизниси, релации и бизнис интереси од врвот на власта.

Тоа нема да престанеме да го правиме. Секој ден ќе излегуваме со овие документи во јавност бидејќи тоа и го должиме на јавноста. А ако сакаат можат еден по еден да ги апсат и советниците и сите нас. На крајот вистината ќе излезе на виделина, предупреди Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

– Реакциите на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека сме биле во право кога кажавме дека целиот случај е воден од една единствена цел, а тоа ВМРО-ДПМНЕ да го преземе Советот под своја контрола. Желбата е да се рекомпонира составот, желбата е да се врати или да се добие мнозинство, како што впрочем се обидуваа во сите изминати периоди. Таму каде што не успеаја со Пустец сега се обидуваат да профитираат со полициски акции. Ние го кажавме нашиот став – истрагата треба да продолжи и ние како партија во неа нема да се мешаме. Меѓутоа, како што СДСМ не е суд и не смее да биде и ВМРО-ДПМНЕ не смее да се претвори во суд во оваа држава. МВР не смее да одлучува кој е виновен а кој не е виновен во РМ. И затоа ако сакаат да покажат дека целта била правната држава, а не политиката ова беше погрешна одлука – додаде таа зборувајќи за најавеното апсење на претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација