Кипарскиот претседател Никос Анастасиадес се заложи денеска за „нов импулс“ за новата рунда преговори со северниот дел на поделениот остров.
– Мораме добро да се подготвиме за новата рунда преговори…Целосно се согласуваме (со властите во Атина) дека е потребен нов импулс во следните преговори, изјави Анастасиадес по средбата во Атина со грчкиот премиер Андонис Самарас.
Грчкиот премиер повика на „две зони, сојузни држави, кои ќе бидат во согласност со односите со Европската унија“.
Кипар е поделен на грчки и турски дел од 1974 година.