А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пресметките на Заев за ДДВ се целосно неточни

by А1он11/10/2013 - 17:00205
Share0

Зоран Заев денеска кажа дека секој граѓанин ќе го зголемил својот сопствен буџет за 30.000 денари годишно доколку нивната предлог мерка за поврат на 15% од платениот ДДВ биде применета. Но, пресметките кои што Зоран Заев и СДСМ ги правеле се целосно неточни и невистинити, наведува ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на денешната изјава на лидерот на СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

ВМРО-ДПМНЕ, како што се посочува, му одговора со конкретни бројки. – Ниту еден просечен граѓанин нема да добие 30.000 денари поврат на ДДВ бидејќи за да се случи тоа теоретски ќе треба да има платено кон државата ДДВ во висина од 200.000 денари годишно. Тоа пак значи дека треба да има направено промет, односно трошок од најмалку 1.111.000 денари или 18.124 евра. Ако оваа бројка се подели на 12 месеци ќе значи дека за да добие 30.000 денари поврат на ДДВ од државата во текот на една година, секој граѓанин ќе мора да потроши 1.510 евра месечно и тоа под услов сите производи што ги купил да се даночат по стапка од 18%, се вели во реакција.

Во Република Македонија многу од основните трошоци на граѓаните како храна, лекови, медицински помагала, компјутери итн. се оданочуваат со повластена стапка од 5%. Ова значи дека месечните расходи сепак ќе треба да бидат и многу поголеми од 1.510 евра. Според математиката на Зоран Заев едно просечно семејство од четири члена месечно троши по 6.040 евра. Што е фантазија и неукост, укажува ВМРО-ДПМНЕ.

– Господине Заев можеби вашето семејство или семејството на Радмила Шеќеринска трошат месечно по 6.040 евра, но ниту едно друго семејство не го прави тоа. Бројките говорат дека оваа мерка која СДСМ ја предлага е лажна, неука и несериозна. СДСМ очигледно се надевала дека граѓаните нема да разберат каква рекламна измама прават со овој предлог. Од друга страна, покрај тоа што граѓаните нема да видат скоро никаков финансиски ефект, буџетот на државата ќе биде намален што ќе значи кратење на расходите и евентуално кратење и намалување на субвенциите во земјоделиите, пензиите и платите, социјалната помош, инвестициите во патиштата, изградбата и реконструкциите на болниците и училиштата итн, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmne

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 14:07

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 15:45

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто