Пуштена во употреба новата зграда на Јавното обвинителство

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска ја пушти во употреба новата зграда на Обвинителството, објект во кој ќе бидат сместени Основното и Вишото јавно обвинителство Скопје и Јавното обвинителство на Република Македонија.

Со проектот вреден 13 милиони евра, според премиерот, ќе се реши долгогодишниот проблем на овие институции.

– Со изградбата на зградата институциите кои ќе бидат сместени нема да плаќаат големи кирии за сместување во туѓи простории. Јавните обвинители како највисоки носители на јавната дејност нема повеќе да работат по двајца или тројца во иста канцеларија, а нуди современи и модерни услови за навремено и ефикасно водење на кривичната постапка, рече Груевски.

Зградата располага со по четири соби за препознавање и за сослушување, две конференциски сали, место во кое адвокатите ќе може да имаат средби со клиентите, ресторан и кафе-бар за вработените.

– Ваквите услови ќе му овозможат на Јавното обвинителство многу поефикасна и посигурна работа во секојдневните обврски и борбата против криминалот и корупцијата, што беше и наша тенденција во моментите кога го подготвувавме проектот, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик