Во Гевгелија одбележан денот на народното востание

Од:

Гевгеличани со пригодни манифестации денеска ја одбележаа 72 годишнината од почетокот на Народноослободителната борба во која Гевгелија се вклучи 1943-та година со формирањето на првиот партизански одред што го носеше името на илинденецот Сава Михајлов.

По повод чествувањето на Денот на народното востание, делегации од боречката организација, локалната самоуправа на чело со градоначалникот Иван Франгов, пензионерите, политичките партии, невладини организации и граѓани положија цвеќе пред спомен обележјата и пред бистите на народните херои и паднатите борци.

-Овој ден е многу значаен во историјата на Македонија бидејќи претставува продолжение на вековниот стремеж и на она за кое се бореа илинденците. Слободата беше платена со многу жртви на кои и денес им оддаваме почит за стореното дело, рече претседателот на борците од Гевгелија во своето обраќање пред Спомен костурницата на паднатите борци.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Во 2025 година пет продолжени викенди

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски