Страотна сообраќајка во Скопје, пет загинати

Од:

Утрово околу три часот по полноќ, во близина на „Рампа“ во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа, во која животот го загубиле пет лица.

Според МВР, возилото „БМВ“ со кое се превезувале пет лица, со иницијали, А.С., Б.С., Г.Ѓ., Ж.К. и Ф.Б., сите на воздраст од 27 и 28 години изгубило контрола и излетало од патот. Возилото удрило во подрумските простории на објектот на Пазарната инспекција при што од ударот сите лица починале.

Полицијата сè уште врши увид на местото на несреќата, а сообраќајот во тој дел од градот се одвива отежнато.

Би можело да ве интересира

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

МВР објави првични детали за сообраќајката на обиколницата, возачот на камионот е приведен

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

ВИДЕО: Камион удри во далновод и се запали: Неофицијално, возачот е од Македонија

Предраг Петровиќ

Еден мртов, двајца тешко повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Крушево

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка