Изложба на Новица Трајковски во Струмица

Од:

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Антон Панов“ синоќа во Струмица беше отворена втората самостојна изложба на Новица Трајковски, насловена како „Автобиографска исповед“.

Директорот на Центарот за култура, Иван Јовев истакна дека ова е втора средба на струмичката ликовна публика со делата на Трајковси, кој во 2008 година беше учесник на Меѓународната Струмичка ликовна колонија.

– Овојпат Струмица ја има честа да види дел од големата изложба „Автобиографска исповед“, која неодамна беше поставена во салонот на Македонската академија на науките и уметностите во Скопје. Овде во Струмица се изложени 25 дела, кои претставуваат мала ретроспектива од творечкиот опус на Трајковски, рече Јовев.

Авторот упати благодарност до домаќинот, Уметничката галерија од Струмица, која му овозможи негова повторна средба со струмичани.

– Мојата прва изложба надвор од Скопје сакав да биде во Струмица, бидејќи го почитувам сенсот на овдешната публика, која преку Струмичката ликовна колонија веќе има изградено своја висока вредносна скала. За време на изложбата ќе се одржи и Струмичката премиера на филмот „Соба за пијано“, така освен на филмското платно, струмичани ќе можат да ги видат и во изложбениот салон, изјави Трајковски.

Изложбата „Автобиографска исповед“ ќе биде отворена за посетителите до крајот на месецов.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска