Продолжува второ издание на „Скопје креатива“

Од:

Со сликарска работилница, работилница за рециклиран дизајн, стрип, анимиран филм, повеќе презентации на проекти и забава продолжува второто издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“.

Под мотото „Погледни подалеку“, вчера во Универзална сала – Скопје почна овој фестивал. Отворањето беше одбележано со презентација на првата македонска компјутерска игра „Освојувањата на Александар Велики“, дело на графичкиот дизајнер и аниматор Елена Попова, програмерот Сандра Николовска, а музиката е на Дуња Иванова.

Организатори на проектот се Град Скопје, Универзална сала и Соларис продукција од Скопје. „Скопје креатива“ е дел од проектот „Платформа за развој на креативни индустрии“, што се реализира цела 2013 година.

Фестивалот е поделен во три дела, едукативен, изложбен и забавен. Во едукативниот дел или на работилниците ќе се создаваат производи кои ќе бидат презентирани на последниот дел. Експо или изложбениот дел има за цел да промовира иновации и креативни производи. Дел од нив се  „Замрзнувачко шише“, иновација на Зоран Мијаков од компанијата „Фригомонт“, а ќе бидат презентирани дизајн на огледала од вулкански масиви во изведба на компанијата „Гоговски“, уникатни парчиња дизајнерски мебел на две македонски компании „Смарт ливинг“ и  креативното студио „БТС Арт фактори“, нови дизајни на „Велосипеди по мерка“ на компанијата „Драгон Кастм“, креативни производи на уметникот Зоран Тошевски и скулпторот Александар Ефтимовски…

Во рамки на фестивалот, работат студентите од Архитектонскиот факултет кои имаат цел да создадат уникатен дизајн на позната фонтана пред Универзална сала. Нивниот проект е „Метаморфози“.

Последниот фестивалски ден, 12 октомври, е резервиран за базар, на кој македонски креативци-индивидуалци ќе презентираат рачно изработени дизајнирани уникати. Влезот за посетителите е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска