Германски научници препорачуваат редовно пиење чаша топло млеко пред спиење, бидејќи фосфолипидите што ги содржи се идеални за луѓе под стрес – носат рамнотежа и ги враќаат когнитивните способности.
Не е ни чудо што бебињата заспиваат со шишенце млеко. Млекото е одличен лек за бришење на последиците од стресот, а германските научници докажале дека редовното пиење чаша топло млеко пред спиење го одмора мозокот.
Студијата на германските научници покажала дека фосфолипидите во млекото се благодет за луѓе под стрес.
Иако многумина сметаат дека млекото поради маснотии и предизвикување алергии потребно е да се избегнува и оти многу не го поднесуваат, научниците сепак, го препорачуваат.
Истражувачите на Универзитетот во Трир докажале дека пиењето млеко носи рамнотежа и ги враќа когнитивните способности кои се загрозени под стрес.
Затоа чаша топло млеко пред спиење го „брише“ тешкиот ден и го олеснува сонот.