Како да се заштитите од настинка и грип?

Од:

Со внесување на свежо овошје и зеленчук се штитиме од настинките грипот, бидејќи со тоа се зајакнува имунитетот, да се престојува на чист воздух, како и да се избегнува консумираwе алкохол.

Епидемиолозите советуваат почесто миење на раце, проветрување на просториите, избегнување контакт со заболени лица и јавување кај лекар при појава на симптомите на грип.

Препораки за заштита:

– Покривајте го носот и устата со марамче кога ќе кивнете или кашлате.

– Мијте ги често рацете со сапун и вода, особено после кивање и кашлање.

– Избегнувајте со немиени раце да ги допирате очите, носот или устата, зашто бацилите се шири на тој начин.

– Избегнувајте близок контакт со лица заболни од грип

– Грипот, најчесто, се се шири од лице на лице, преку кашлање или кивање на заболени лица

– Не се лекувајте дома, посетете го вашиот матичен лекар.

– Доколку се разболите, се препорачува да останете дома, со што ќе се спречи можноста за пренос на болеста на други лица.

Чекор број 1

Мијте ги рацете често со сапун и вода. Миењето со сапун треба да трае минимум 20 секунди и погрижете се сите делови од рацете бидат поминати со сапун и вода, вклучувајќи ги и местата под ноктите. Мијте ги рацете после секој контакт со вашето дете или после контакт со некој предмет кој го има допирано и вашето дете.

Чекор број 2

Научете го вашето дете да кашла и кива во марамче, а потоа да ги измие рацете со сапун и вода или, пак, да употреби антибактериски гел кој ќе ги убие вирусите.

Чекор број 3

Хранете се здраво и спијте доволно за да го зајакнете вашиот имунолошки систем. Исхраната со брза храна или недостигот на витамини и нутритиенти го прави организмот поприемчив на вируси и инфекции. Вашето тело е многу посилно кога се бори со грипот ако сте добро одморени и соодветно нахранети.

Чекор број 4

Дезинфицирајте ги сите површини со дезинфициенс секој ден за да се уништат микробите и да ги намалите трансмисионите ризици. Постелнината од креветот на вашето дете редовно перете ја на висока температура.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска