ВИДЕО: Проститутки протестираа во Лондон

Од:

Проститутки се собраа на протест во центарот на Лондон, во знак на борба против нивното протерување од Сохо.

Помеѓу „дамите на ноќта“ се најде и актерот Руперт Еверт. Тој подготвува документарец за проституцијата, па дојде да сними и да им даде поддршка на жените кои што прошетаа во градот, во знак на протест, ден откако затворија неколку нивни станови, во кои што работеа.

-Мислам дека не треба да се исфрлат од овој дел, само за да дојдат богати странци кои бегаат од оданочување и на тој начин ќе го направат Сохо град без душа-изјави Еверет.

Ники Адамс, членка на британското здружение на проститутки истакна дека и покрај тоа што законот забранува јавни куќи во кои работат повеќе од две проститутки, не се забранува плаќањето на сексуални услуги.

Тие тврдат дека сами работат во становите, со помош на рецепционер и помошник, кој се грижи за финансиите и интервенира во случај на проблем со клиент.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство