Владата го продолжи рокот за земјоделски субвенции до 20 октомври

Од:

Владата одлучи рокот за поднесување апликации за добивање земјоделски субвенции да биде продолжен до 20 октомври годинава.

Ова денеска го изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев кој истакна дека во овој рок сите земјоделци ќе можат да ги поднесат своите апликации, да поднесат документација врз основа на која, како што рече, ќе добијат средства кои оправдано ги заслужиле со својот вложен труд.

– Ова е излегување во пресрет на една популација меѓу две и три илјади земјоделци, кои според нашите информации добиени од терен не стигнале да ги поднесат своите апликации. Го направивме ова бидејќи цениме дека тие заслужуваат да ги добијат средствата, кои се нивни, заслужени и е дозволено едно пролонгирање на рокот. Земјоделците имаат десет дена, период во кој можат да ги комплетираат своите писмени поднесоци и да ги поднесат до надлежните органи, рече Ѓорѓиев.

Тој апелираше земјоделците да го сторат тоа што побрзо, бидејќи рокот нема да биде повторно продолжуван.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад