Бугарија: ГЕРБ најавни нов предлог за гласање доверба на премиерот Орешарски

Од:

Бугарската опозициска конзервативна партија ГЕРБ денеска соопшти дека идната недела во Парламентот ќе поднесе нов предлог за гласање доверба на премиерот Пламен Орешарски.

Според аналитичарите технократскиот премиер се очекува да го „преживее“ гласањето бидејќи може да смета на поддршката од социјалистите, турската малцинска партија МРФ и ултра националистичката партија Атака, кои заедно имаат мнозинство во бугарскиот Парламент.

Орешарски ја презема премиерската функција по серијата масовни протести против сиромаштијата. Сепак, Орешарски и самиот се соочи со голем број протести поради сиромаштијата, корупцијата и недопирливата политичка елита во земјата.

Премиерот Орешарски низ Парламентот протурка низа мерки за поттикнување на економијата и борба против сиромаштијата, истовремено држејќи ги јавните финансии на земјата под контрола.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски