Продолжува да расте невработеноста во Грција

Од:

Невработеноста во Грција продолжува да расте достигнувајќи 27,6 проценти во јули споредено со 27,5 отсто претходниот месец.

Националниот Институт за статистика на Грција денеска објави дека 1,36 милиони лица биле невработени во јули, што претставува раст од 10 проценти во однос на минатата година.

Грчката Влада очекува благ раст на вработените во текот на идната година, но сепак прогнозата останува на високо ниво од 26 отсто.

Синдикот на грчките работници во приватниот сектор ГСЕЕ очекува невработеноста да се зголеми на 30 отсто во текот на идната година.

Властите во Атина предвидуваат економијата да се врати кон раст од идната година, првпат по 2007 година, иако со скромни 0,6 проценти.

 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит