Тринаесет затвореници загинаа, а триесет се ранети во судири во затвор во бразилската држава Маранау, јави ИТАР-ТАСС.
Ситуацијата излегла од контрола откако администрацијата открила ископан подземен тунел, што почнувал од една од просториите на затворот, соопшти министерот за јавна безбедност на државата, Алуизиу Мендиш.
На почетокот затворениците се обидувале да ги спречат чуварите да стигнат до подземниот тунел, но набрзо безредијата прераснале во судири меѓу непријателските затворенички групи.
За задушување на бунтот биле повикани специјални единици на полицијата. Според Мендиш, при безредијата самите затвореници почнале со меѓусебно расчистување на сметките и убиства.
– Полицијата не употреби огнено оружје, потенцира Мендиш.