Финансискиот советник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Хосе Вињалс, предупреди дека доколку САД банкротираат, тоа би било опасност за глобалната економија.
Меѓутоа тој нагласи дека ризикот од таквиот банкрот е сепак мал, пренесе „Асошиејтед прес“.
-Тоа би било шок за целиот свет и би имало значајни последици врз финансиите ширум светот, а не само врз САД. Подобро да се надеваме дека тоа никогаш нема да се случи- изјави Вињалс во Вашингтон, во текот на објавување на извештајот за „Стабилноста на глобалните финансии“.
Како што оценува ММФ, делумната блокада на американската влада,ја зголемува неизвесноста околу кревкото опоравување на глобалната економија.
Елена Георгиевска